Неколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марами

Неколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марами

Автор: Ана Петровиќ

Не дозволувајте вашата колекција на марами да стои во плакарот. Искористете ги на креативен и интересен начин. Токму поради фактот што модата се менува и она што сте го купиле пред една деценија, веќе не го носите, тука е ентериерот на кој добро би му дошло едно мало разубавување.

Доколку сакате да внесете разиграни бои и уникатни шари во домот, во продолжение ви претставуваме неколку идеи како да го направите тоа.

Наслон на кревет

Надополнете го вашиот еднобоен кревет со преубав дезен на марама, со кој би добил сосема различна нота.

Неколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марами

Обвиткајте ја вазната

Марамите имаат двојна функција. Освен што ја надополнуваат вашата облека, можат да послужат и како декоративен детаљ во просторот, кој внесува свежина и радост во вашиот дом. Врзете ја вашата марама на омилената вазна за цвеќе. Ова е и одличен начин да ја маскирате обичната тегла ако немате вазна.

Неколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марами

Украс за столиците

Најдете една или две марами со иста должина и ставете ги на столот како украс.

Неколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марами

Марама во рамка

Кој би се сетил да урами некој уникатен дезен на марама и да го закачи на ѕидот во некоја од собите? Прекрасна идеја, која ќе ги воодушеви вашите пријатели.

Неколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марами

Навлаки за перници

Марамите искористете ги и како навлака за перници. Одберете ги најубавите свилени марами, кои би придонеле за пософистициран изглед на мебелот.

Неколку брилијантни идеи за декорирање на просторот со помош на марами

Марама на ѕидот

Едноставно и лесно. Земете ја вашата стара марама во винтиџ стил и закачете ја на ѕидот. Можеби звучи чудно, но доколку сте љубители на боемскиот стил, ова е одлична идеја за уредување на домот.

(6) nekolku-brilijantni-idei-za-dekoriranje-na-prostorot-so-pomosh-na-marami-kafepauza.mk

Обложете ги столиците

Тапацирајте ги вашите столици или наслони со помош на марамите. Тие ќе добијат нов изглед, а вашата работа ќе биде завршена, бидејќи столиците ќе изгледаат како нови.

(7) nekolku-brilijantni-idei-za-dekoriranje-na-prostorot-so-pomosh-na-marami-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар