Страшни уметнички дела што ќе ве натераат да се запрашате за менталната состојба на сликарот
Помеѓу убавите портрети и уметнички дела, постојат навистина морничави слики кои им даваат на гледачите вознемирувачки поглед кон светот. Овие познати хорор слики се од малку чудни, па сè до шокантни. Дали би сакале некое од овие дела во вашиот дом?
1. „Герника“
Една од најпознатите слики на Пабло Пикасо ги прикажува трагедиите од војната и страдањето што им го предизвикува на луѓето, особено на невините граѓани.
2. „Анатомски делови“
Ова е шокантно ремек-дело на францускиот сликар Теодор Жерико кој користел човечки остатоци како модели за неговите дела.
3. „Диомед изеден од неговите коњи“
Оваа слика направена со водени бои е дело на францускиот сликар Густав Моро и го прикажува драматичниот крај на осмиот подвиг на Херкул. Херкул добил наредба да ги фати месојадите коњи на кралот Диомед. Херкул го убил Диомед во битка, а неговото тело им го дал на коњите како храна.
4. „Влошување на умот над материјата“
Оваа слика од 1873-та година е дело на Австриецот Ото Рап. На сликата е прикажано распаѓање на човечки череп над кафез за птици, во кој се наоѓа безживотното физичко битие на човекот.
5. „Данте и Вергилиј во пеколот“
Сликата е инспирирана од кратка сцена од „Пеколот“ (Inferno) на Данте во која Данте и Вергилиј гледаат борба помеѓу две проколнати души. Сликата е дело на В. А. Бугро.
6. Неименувана слика
Оваа маслена слика од полскиот сликар Здислав Бексински нема име. Познато е дека е направена во 1984-та година, период кога главните теми на уметникот биле утописки реализам, надреална архитектура и сценарија од судниот ден.
7. „Црнец обесен жив“
Оваа ужасна слика на Вилијам Блејк прикажува роб кој е закачен со кука која му ги прободува ребрата. Делото е направено според вистински настан на кој сведочел германскиот војник Ј. Г. Стедман.
Продолжува на следната страница…