Некои од најдобрите патувачки фотографии за овогодишниот натпревар на National Geographic

Некои од најдобрите патувачки фотографии за овогодишниот натпревар на National Geographic

Патувачките фотографии привлекуваат големо внимание, а почнати се и пријавувањата за натпреварот на National Geographic за оваа година. Фотографи од целиот свет ја раскажуваат својата приказна и ги инспирираат другите да го истражат светот. Победникот ќе добие парична награда од 8.000 евра. Фотографите можат да се пријават до 31-ви мај оваа година и нема ограничување за број на фотографии.

„Рана земја“ од Кинг Хо Ентони Танг

Некои од најдобрите фотографии за натпреварот на National Geographic за патувачки фотографии

„Пристигнав на гејзерите Сол де Мањана рано наутро. Светлото беше совршено за време на изгрејсонцето. Гледајќи во калта што врие се почувствував како да сум назад во времето пред милијарди години. Бев импресиониран од неверојатниот пејзаж, текстурата на почвата и атмосферата. Драго ми е што можам да го споделам овој момент со вас.“

„Силуета на носорог“ од Каи Чуин Сим

Некои од најдобрите фотографии за натпреварот на National Geographic за патувачки фотографии

„Излегов рано од кампот на националниот парк Масаи Мара кога го здогледав носорогот. Светлината од сонцето беше премногу силна, па фотографирав силуета.

„Тамам“ од Матиа Пасарини

Некои од најдобрите фотографии за натпреварот на National Geographic за патувачки фотографии

„Племето Мундари е од Јужен Судан и го нема променето начинот на живеење со векови. Тие се сточари и го пренесуваат својот добиток покрај реката во сушната сезона, и назад до постојаното живеалиште во шумата кога има дождови.“

„Моја камила, мој штит“ од Саби Сг

Некои од најдобрите фотографии за натпреварот на National Geographic за патувачки фотографии

„Ова е фотографирано во Раџастан на саемот за камили кој се одржува секој година. Саемот привлекува многу туристи од целиот свет и е еден од најголемите во светот.“

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар