Направете сами: Прекрасни омбре ѕидови во вашиот дом!

Направете сами: Прекрасни омбре ѕидови во вашиот дом!

Трендовите доаѓаат и минуваат исто како и годишните времиња, особено кога е во прашање модната индустријата и индустријата за убавина. Сепак, омбрето успева постојано да се задржи на висока позиција. За оние кои не знаат што е омбре, тоа всушност претставува тон кој постепено избледува. Овој тренд е применлив на косата, ноктите, облеката, а сега и на ѕидовите! Време е да им кажете збогум на досадните, еднобојни ѕидови.

5-napravi-sam-eve-kako-sami-da-napravite-prekrasni-ombre-dzidovi-vo-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

Потребен материјал:

  • Лента за бојадисување
  • Бела боја
  • Боја во нијанса по избор
  • Валјак за бојадисување
  • Четка за бојадисување
  • Сад за мешање на боите

1. Пред да започнете, залепете ја лентата на ќошовите и рабовите. Исчистете ја нечистотијата и прашината од ѕидовите. Заштитете ги штекерите и прекинувачите за светло. Сега можете да започнете!

1-napravi-sam-eve-kako-sami-da-napravite-prekrasni-ombre-dzidovi-vo-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

2. Подобро е да одите од посветлата кон потемната боја. Бојадисајте го првиот дел од ѕидот со бела боја. Ако ѕидот не е доволно голем, подобро е да користите четка наместо валјак, бидејќи така премините на боја ќе биде помазни.

2-najborbeni-najstrasni-i-2-napravi-sam-eve-kako-sami-da-napravite-prekrasni-ombre-dzidovi-vo-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

3. Измешајте 10 делови на фарба во бела боја со еден дел на фарба во боја. Бојадисајте го следниот дел од ѕидот, благо преминувајќи преку белиот дел. Потоа додајте уште еден дел фарба во боја…

3-napravi-sam-eve-kako-sami-da-napravite-prekrasni-ombre-dzidovi-vo-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

4. Бојадисајте го следниот дел. Продолжете така сѐ додека не стигнете до дното на ѕидот кој ќе го бојадисате со 100% фарба во боја. Важно е секогаш да бојадисувате во иста насока, на пример хоризонтално, за премините да бидат постепени. Исто така, важно е да ги бојадисувате долните делови додека горните се сѐ уште влажни, за тоновите на ѕидот да се соединуваат еден со друг.

4-napravi-sam-eve-kako-sami-da-napravite-prekrasni-ombre-dzidovi-vo-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

Резултатот е фантастичен! Преминот на боите од светли кон потемни ќе изгледа вака добро и на вашиот ѕид доколку успеете да го нанесете следниот слој боја пред претходниот да се исуши. Тоа е единствениот начин за тие беспрекорно да се соединат.

Погледнете како изгледа ова техника на бојадисување и во други нијанси:

Нежни розови нијанси за детска соба

6-napravi-sam-eve-kako-sami-da-napravite-prekrasni-ombre-dzidovi-vo-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

Виолетова и розова за ефект на зајдисонце

7-napravi-sam-eve-kako-sami-da-napravite-prekrasni-ombre-dzidovi-vo-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

Модерно сива

8-napravi-sam-eve-kako-sami-da-napravite-prekrasni-ombre-dzidovi-vo-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

Виолетовата и белата боја секогаш изгледаат одлично

9-napravi-sam-eve-kako-sami-da-napravite-prekrasni-ombre-dzidovi-vo-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_

Доколку ви е потребно освежување во вашиот дом, освен бојадисаниот омбре ѕид, погледнете ги и овие дизајнерски трикови кои целосно ќе го променат изгледот на вашиот дом.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар