Најмодерната библиотека во светот
Откако светот забрзано почнува масивно да се дигитализира, се чини дека урбанизирањето и инвестирањето во зголемување на човечкиот капацитет на просторот, е најпаметниот и најпрофитабилниот начин библиотеките да опстанат.
Па така, на универзитетот во Амстердам, дизајнерските фирми „Roelof Mulder“ и „Bureau Ira Koers“, ја претворија веќе постоечката библиотека распослана на 27.000 квадратни метри, во огромна студентска читална која можат да ја користат од 1.500 до 2.000 луѓе одеднаш, секојдневно.
Наместо огромни полици со купишта книги, кои зафаќаат премногу место, дизајнерите ја смислиле елегантната црвена соба.
Таа се состои од илјадници црвени пластични фиоки, во кои ќе ја најдете книгата што сте ја нарачале онлајн, преку соодветниот сериски број.
Останатиот новосоздаден празен простор е максимално модерно искористен и служи да ги пречека корисниците, овозможувајќи им најдобри услови за работа и уживање.
Една ваква кај нас и одма ги доположувам испитите! Стварно!……..
Prekrasno. Ne samo sto ke se obrazuvash, tukuu i ke mozesh da se odmorish…ako bi imalo tuka verojatno ne bi izlegla od nea !!
браво, нема да сакам да излезам од тука
malku e sterilno… ama e sepak ubavo!!!
а мирис на книги, звук на шушкањето на хартијата меѓу прсти, разнобојност на корици меѓу полиците?!? нема никаква топлина, никаква енергија…ништо не може да замени збор напишан на хартија!
Jas obozavam bibioteki i citalni i ovaa izgleda prekrasno, ama premnogu e moderna za mojot vkus. Jas sakam biblioteka so topol ambient, kade ke se custvuvam kako doma, a vo vakva prostorija toa ne e vozmozno. No objektivno gledano, arhitektot na enterier zavrsil odlicna rabota.
p.s. I mnogu se soglasuvam so Harl, elektronskite biblioteki ja ubivaat ubavinata na pisaniot zbor. Ne e kniga dobro iscitana, ako ne go liznes prstot za da ja svrtis stranicata.