Надреални светови создадени со помош на ајфон
Артистот Чарли Даволи вели дека парадоксите и мешањето на вистинските околини со надреалните е најзабавниот дел од неговиот обичен и секојдневен живот. Кога тој чекори по улица, фотографира сѐ што ќе му падне во очи, создавајќи огромна архива од фотографии.

Читање бајки со неговата внука, Делиа
Создавањето пејзажи кои имаат луцидни, мистериозни и чудни елементи од соништата се случува во подоцнежните фази. Благодарејќи на многуте фотографии, процесот на уредување е моментален со помош на апликации за ајфон како што се PsTouch, iDesign, Superimpose, MatterApp и Mextures.

Мостот се прилагодува кон водата, нивото внатре ќе се издигне, а таму паднат споменик лежи
Даволи црпи инспирација од хемиската мешавина која го следи метафизичкото сликарство на Де Чирико, со љубов кон геометријата Баухаус како и поп културата на Енди Ворхол и Лихтенштајн. Сето тоа комбинирано со малку ретро научна фантастика ни овозможува неверојатни пејзажи. Погледнете дел од неговата работа и подгответе се да бидете воодушевени.