Мрежа за читање на која сите деца ќе уживаат

Мрежа за читање на која сите деца ќе уживаат

Со овој забавен дизајн, родителите повеќе нема да мораат на своите деца да им го двојат времето за играње и времето за читање и учење. „The Reading Net“ (Мрежа за читање) изработена од креативното дизајнерско студио „Playoffice“ е весел дизајн, кој го охрабрува читањето низ забава.

Мрежа за читање на која сите деца ќе уживаат

Мадридското студио дошло до идеја да инсталира ваква кул мрежа во библиотека, но таа може да се постави и во секој дом. Заштедата на просторот и разиграноста на мрежата, се среќно решение и за родителите и за децата.

Мрежа за читање на која сите деца ќе уживаат

Младите читатели во библиотекава прво си одбираат неколку од нивните омилени приказни и потоа се качуваат на мрежата која виси над родителите, што им дава можност одоздола да припазуваат на нивните деца. На овој начин, децата повеќе не се ограничени на досадно седење на столчиња. Тука можат да седат, да лежат, да висат со главата надолу, па дури и да ги лулаат нивните стапала на еден ќош од мрежата, кој служи за нивно затскривање од родителите кои седат под нив.

Мрежа за читање на која сите деца ќе уживаат Мрежа за читање на која сите деца ќе уживаат

Креативната средина е возбудлива за дечињата, бидејќи заедно со останатите другарчиња можат да си прочитаат по едно поглавје од книгата, а потоа да се релаксираат, енергично скокајќи по мрежата, за да ги „истрошат“ малку батериите пред повторно да продолжат со читање на нивните приказни.

Мрежа за читање на која сите деца ќе уживаат (6) Mrezha za chitanje na koja site deca kje uzhivaat-www.kafepauza.mk Мрежа за читање на која сите деца ќе уживаат Мрежа за читање на која сите деца ќе уживаат


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар