Монтажна куќа за живеење која се склопува за само 4 часа
Докторот Мајк Пејџ ја има конструирано оваа компактна куќа „QB2“ со јасна идеја, да се реши проблемот со станбениот простор во Велика Британија. Оваа монтажна куќа е висока 3, а широка 4 метри и во неа е предвидено да живеат максимум двајца. Најинтересно е тоа што може да се склопи за само 4 часа.
За цена од 12.000 евра ќе добиете дневна соба, бања, кујна и спална соба, а собите се распоредени на три нивоа. Скалите во куќата служат и како простор за складирање работи, а секое ќоше е паметно искористено. Зависно од мебелот кој сакате да го вклучите во вашата куќичка, цената може да достигне и до 53.000 евра.
Главна предност на оваа куќа е тоа што за нејзиното поставување во Велика Британија не е потребна дозвола, бидејќи е пониска од 4 метра. Поради своите димензии, во Британија оваа куќа има ист статус како приколка, па се очекува да биде голем хит.
„Куќата ‘QB2‘ е практична и едноставно се склопува. Доколку некој знае да склопи полица купена од ИКЕА, ќе може да ја склопи и оваа куќа“ – вели Пејџ.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.