Минималистички тетоважи на кои нема да останете рамнодушни

Минималистички тетоважи на кои нема да останете рамнодушни

Тетоважите се вистински хит во денешниот урбан свет и речиси нема човек кој не помислил барем еднаш во својот живот да се тетовира. Тие се форма на уметност, па затоа и некои луѓе ги гледаат едноставно како украси за телото, додека други се тетовираат инспирирани од одреден настан кој за нив имал големо значење и им оставил белег.

Луѓето кои не сакаат да паѓаат во очи се одлучуваат за минималистички тетоважи кои се особено популарни во последно време. Тие обично се ставаат на помалку видливи места како што се прстите или зад ушите, но иако се дискретни сепак се неверојатно секси.

Минималистички тетоважи на кои нема да останете рамнодушни

Playground Tattoo е одличен тату артист од Кореја чија специјалност се токму мини тетоважите од кои има изработено илјадници. Тој неговото дело го опишува само со неколку зборови: Тенка линија, минијатурно, едноставно. Токму такви се неговите тетоважи.

Погледнете ги неговите необични минималистички тетоважи по кои можеби ќе се осмелите и вие да го украсите телото со некое од овие уникатни дела…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар