Мерцедес прекриен со 10 илјади пенкала
Дизајнерот Костас Шулер од Форествил, Калифорнија е автор на делото наречено „Mercedes Pens”. Тој, своето возило „Mercedes Benz“ 300SD произведен во 1981 година, го трансформирал прекривајќи го целосно со 10.000 пенкала и маркери.
.
„Добив идеја да ја прекријам целата моја кола со пенкала. Сите употребуваме пенкала, а по некое време истите ги губиме. Па кога започнав да ги собирам, немав проблеми при барањето, ниту со луѓето за донирање пенкала за овој луд артистички проект.“
Тој успеал да ги собере сите пенкала и маркери за 5 години, а повеќето од нив биле донација од луѓе кои му ги праќале по пошта, од училишта, фирми, канцеларии и слично.
.
„Луѓето ми отпоздравуваат кога го возам, свирејќи ми насмеани. Некои од овие пенкала ми се пристигнати дури од Англија и Австралија.“