Магијата на прекрасниот Истанбул
Истанбул е еден од најубавите и волшебни градови во светот, каде милиони луѓе си ги живеат своите секојдневни животи. Тој е неверојатна мешавина на култури со многу фин и гостопримлив народ. Една од неговите главни обележја е тоа што овде е тешко да се направи разлика меѓу класите во општеството. Тоа е град каде сите се сиромашни и сите се богати.
Истанбул, како и некои други градови во Турција, се единствените во светот каде има улични работници, кои успеваат да заработат на самите работни места. Постојат чистачи на чевли, продавачи на храна и пијалаци, на весници, разни занаетчии и многу други кои му даваат посебна магија на овој град. Всушност, немаме ни потреба да влегуваме во некој поголем маркет или продавница бидејќи скоро сè може да се купи од улиците. Важно е да се забележи дека жителите на Истанбул се народ на чајот, бидејќи го консумираат често како дел од нивната традиција.
Денис Зилиото е италијански фотограф кој патувајќи низ светот стигнал до овој град на измешани култури и традиции. Овие прекрасни фотографии се доказ за посебниот дух кој го нуди Истанбул, а меѓу другото, прикажуваат лица на некои обични луѓе, кои се улични работници или мали бизнисмени. Уживајте!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Najubaviot grad na svetot!Volsebna privlecnost!
Ах мојот Истанбул прекрасен како и секогаш најубавиот градво светот 😀 🙂