Магични пролетни бои што ќе го оживеат вашиот дом

Магични пролетни бои што ќе го оживеат вашиот дом

Потсетете се колку бевте расположени кога го украсувавте вашиот дом пред новогодишните празници. Истиот случај е со пролетното уредување на домот. Бидејќи сè уште поголемиот дел од времето го поминуваме во затворени простории, преуредувањето на просторот во кој живееме и исполнувањето со светли бои може значително да го подобри расположението. Ако барате посветла, посвежа и поенергична 2021 година, овие бои треба да го најдат своето место во вашиот дом оваа пролет.

Темна ментол боја

Магични пролетни бои што ќе го оживеат вашиот дом

Изборот на пролетни бои може да биде голем предизвик ако не сакате вашиот дом да изгледа премногу шарено. Една боја со која не можете да погрешите е зелената, во овој случај темната ментол боја. Може да се вклопи во секој дом, особено ако доминираат неутралните бои.

Меки розови нијанси

Магични пролетни бои што ќе го оживеат вашиот дом

Ако низ вашиот дом се шири палета на неутрални тонови, а вие не сте голем љубител на светлите и живописни пролетни нијанси, нежните и меки нијанси на розова боја и боја на јоргован би можеле да бидат вистинскиот избор за вас. Нежните розови тонови можат да ги заменат сивите, беж и кремовите нијанси кои владееја во текот на зимата.

Теракота боја

Магични пролетни бои што ќе го оживеат вашиот дом

Портокаловата, односно теракота бојата можеби не се наоѓа на списокот на бои што обично ги земате предвид при уредување на ентериерот, но е идеална за пролетен декор. Портокаловата боја ќе ве извлече од удобната зона и ќе ве внесе во ново царство на бои. Оваа боја изгледа богато и ќе го „разбуди“ вашиот ентериер.

Небесно сина боја

Магични пролетни бои што ќе го оживеат вашиот дом

Ако сакате бои што внесуваат свежина и потсетуваат на море, небесно сината е најдобриот избор. Во комбинација со мебел од дрво, оваа боја навистина ќе внесе позитивни вибрации во вашиот дом. Можете да ја искористите на ѕидот, завесите, тепихот или декоративните перници.

Сончева жолта боја

Магични пролетни бои што ќе го оживеат вашиот дом

Без жолтата боја нема чувство на пролет во просторот. Многубројните нијанси на оваа боја ви даваат можност да го направите вашиот дом уникатен. Ако не сакате премногу интензивни жолти тонови, сончево жолтата боја може да биде вашиот совршен избор. Не можете да погрешите со постелнината во оваа нијанса.

Погледнете ги овие куќи за миленичиња што се вклопуваат во модерниот ентериер.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар