Леден дожд го претворил Букурешт во замрзнат апокалиптичен град
Кога ќе ги погледнете овие фотографии, нема да можете да си поверувате дека се од Букурешт – модерниот град што е познат по живоста во него. Но, по едно екстремно ледено невреме, тој станал смрзнат град на духови.
„По ноќ со смрзнат дожд, се разбудив и сфатив дека се наоѓам во леден и оштетен град. Ова беше навистина необична временска непогода, па имав проблеми со движењето на улиците без лизгалки и постојано се надевав дека нема да падне некоја гранка врз мене“, вели Андреи Раута, фотографот.
Како што можете да видите на овие неверојатни фотографии, многу автомобили биле оштетени од гранки или цели дрвја кои паднале на нив. Патиштата исто така биле полни со дрвја, гранки и лед и дел од каблите пукнале поради тешкиот лед што се закачил на нив.
„Вечерта кога шетав, погледот беше апокалиптичен, но истовремено и интересен. Се чувствував како да шетам во некој филм за крајот на светот“, дополнува тој.
Погледнете ги фотографиите и уживајте во апокалиптичната атмосфера на Букурешт.
Продолжува на следната страница…