Колоритна женственост низ објектив

Колоритна женственост низ објектив

Андреа Ретинки е романска фотографка, која обожава постојано да патува. Моментално живее во Букурешт со 6 мачки, куче и со нејзината баба. Има диплома за креативна фотографија на Универзитетот Хамбер во Торонто. Работи како слободен уметник (freelance) и секој може да ја најми за фотографирање портрети, манекенки, настани, дигитална обработка на слики, за правење реклами и сè друго што може да ви притреба.

Колоритна женственост низ објективКолоритна женственост низ објектив

Стилот на Андреа е јасно дефиниран и препознатлив по колоритноста, бистрината и уникатноста која ја имаат нејзините фотографии. Таа умее совршено да го замисли контрастот на бои во фотографијата и да ги направи сите детали лесно забележливи од страна на секој обичен набљудувач.

Колоритна женственост низ објективКолоритна женственост низ објектив

„Сакам да создавам фотографии кои имаат душа. Еден фотограф не е ништо поразличен од сите останати, ако не успее да раскаже приказна. Убавината не е универзална, најважната работа е чувството.“ – вели таа.

Колоритна женственост низ објективКолоритна женственост низ објектив

Нејзините уметнички дела се специфични токму поради длабоките емоции кои тие ги носат во себе. Кај фотографираните девојки лесно може да се препознае нежноста, сексапилноста, провокативноста, ранливоста, романтичноста, среќата или тагата кои ги носат во себе, така што може да се забележи дека фотографката дефинитивно ја постигнала нејзината цел – да раскаже една приказна за нечиј живот.

Колоритна женственост низ објективКолоритна женственост низ објективКолоритна женственост низ објективКолоритна женственост низ објективКолоритна женственост низ објективКолоритна женственост низ објективКолоритна женственост низ објективКолоритна женственост низ објективКолоритна женственост низ објективКолоритна женственост низ објективКолоритна женственост низ објективКолоритна женственост низ објективКолоритна женственост низ објектив


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар