Кога фотограф ќе се спријатели со дивите животни…
Со докторат по зоологија, Италијанецот Stefano Unterthiner не е само уште еден обичен фотограф на животни. Неговата огромна пасија да ја прераскаже животната приказна на дивите животни, го прави популарен уметник ширум светот. Како секој исклучително талентиран фотоновинар, Стефано го чека вистинскиот момент за да улови добра фотографија, при што честопати преноќува по неколку седмици во дивина, потполно сам.
„Сакам да правам фотографии од природата, најмногу затоа што таа работа ми овозможува да останам надвор во дивината. Уште додека бев дете, обожавав да поминувам време во природа. Пораснав во малечко планинско село, каде што научив колку може да биде интересно да ја разоткриваш природата која ја има во близина на твојот дом. Јас сум раскажувач на приказни. Тоа не значи дека јас многу зборувам, туку дека ми се допаѓа можноста да прераскажувам „приказни“ за дивите животни, преку моите фотографии.“
Стефано успева да ја долови убавината на дивите животинки, дури и на мечките, без да дозволи тие на фотографијата да изгледаат застрашувачки.
„Додека ја работам својата работа, јас се обидувам да се спријателам со предметот на мојата фотографија. Сакам да го прикажам вистинскиот карактер на животните и да креирам позитивна емоција кај набљудувачот, кога ќе ја погледне добиената фотографија.“
За да ги фотографира животните на овој начин, Стефано практично живее во нивната средина подолг временски период. Така на пример, за да ги направи фотографиите со црните макаки мајмуни, тој поминал шест седмици на индонезискиот остров Сулавеси, постојано следејќи група мајмуни, сè додека тие не почнале да го препознаваат и прифаќаат. Две фотографии од оваа серија, му ја овозможиле посакуваната награда Фотограф на Дивиот Свет на Годината.
Присетувајќи се на друг негов проект на Антарктикот, Стефано рекол:
„Тоа беше вистинска експедиција. Поминав пет месеци таму, секојдневно фотографирајќи царски пингвини и албатроси. Тоа беше едно надреално, но неверојатно искуство. Живеев во малечка научна база, а за да се стигне оттаму до најблиската болница, е потребно една седмица пловење со брод. Дома успеав да се јавам на телефон само еднаш.“
Стефано ги прави сите негови фотографии користејќи ги моделите на Никон, D3 и D3S, а го осигурува нивното постоење, префрлувајќи ги на надворешен диск G-RAID Mini додека е на терен и потоа на G-SAFE во студио.
Неговите фотографии можат да се купат онлајн.
Најверојатно досега сте виделе некоја од фотографиите на Стефано, но не сте знаеле, бидејќи тој е редовен соработник со „National Geographic“.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Немам ништо друго да кажам освен W O W!
Toa so dvete ververici e najubava slika! Mnogu mi se svigja a i drugite se fantastichni!
Zosto ne vovedete opcija za lajknuvanje sekoja slika oddelno??
Vaka moram cel post, a ne mi se dopadnaa site sliki. Koga bi imala takva opcija bi mozela da gi lajknam samo slikite koi navistina mi se dopagaat!
Сара, иако некои тоа го практикуваат, ние сметаме дека навистина нема потреба од тоа. Презентираме содржини како целина, не како нешто што треба поединечно да се споделува на социјалните мрежи. Не мора да значи дека треба да ти се допаѓаат сите слики за да кликнеш лајк, ниту пак дека тоа е задолжително. Доколку во иднина се јави реална потреба за воведување вакво нешто, ќе ја разгледаме опцијата повторно.
Fala na odgovorot, bese toa samo predlog…:)