Камената куќа во Нов Зеланд

Камената куќа во Нов Зеланд

„Локалната камена куќа во Нов Зеланд“ дизајнирана од архитектонската компанија „Pattersons Associates“ има соодветно име со оглед на фактот дека голем дел од градежниот материјал кој е употребен за нејзината изградба, е направен од локалните камења. Камената куќа во Нов ЗеландКамената куќа во Нов ЗеландТаа се издига покрај новозеландското Божиќно дрво похутукава кое се протега спроти белата, песочна плажа. Во средишниот дел од дворот има прекрасен базен, простор за ручање и надворешен камин, што ја прави оваа куќа идеална за ноќни забави организирани од семејството кое живее во неа.  Камената куќа во Нов ЗеландКамената куќа во Нов ЗеландИнтимата во спалните соби кои се лоцирани на горниот кат, е заштитена со необични ролетни кои не дозволуваат да се гледа однадвор, но истовремено овозможуваат прекрасен поглед кон океанот за домаќините. Оваа куќа, со својата уникатност, луксуз и локација е неспоредлива со ниедна друга, пред сè поради необичниот дизајн со камења, кои ù даваат совршен „шмек“ и чувство на припадност во својата околина.Камената куќа во Нов ЗеландКамената куќа во Нов ЗеландКамената куќа во Нов ЗеландКамената куќа во Нов Зеланд

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар