Како принцезите од Дизни би изгледале кога би имале реални тела?
Ретко кој не ги сакал цртаните од Дизни кога бил мал. Гледавме магични приказни со принцови и принцези на кои им се восхитувавме. Но, сега како возрасни, почнуваме да размислуваме поинаку. Илустраторката, добитничка на Еми, Лорин Бранц, решила да ја промени сликата која Дизни ликовите ја формираат во нашите глави, ставајќи акцент на нереалниот изглед на телата на принцезите.
Лорин вели дека како деца не сфаќаме како она што го гледаме на екраните влијае на нас, но тие слики дефинитивно имаат големо влијание. Токму поради тоа медиумите како и креаторите на емисии за најмалите треба да знаат колкава одговорност имаат.
Погледнете ги принцезите од Дизни со реални струкови. Тие сепак сè уште се убави и волшебни.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.