Како да ги освежите полиците за книги во вашиот дом?
Кога последен пат сте ги средиле полиците на кои стоеле книгите и сте поставиле неколку нови книги? Можеби не сте ни забележале дека овој агол од вашиот дом станал неуреден и пренатрупан? Погледнете ги овие неколку совети како да ги освежите полиците од домашната библиотека и подобро да ги организирате.
1. Средување и бришење прашина
Овој совет звучи едноставно, но не ја намалува неговата важност. Извадете ги сите книги од полиците, избришете ги добро и преуредите ги по желба. Притоа, ослободете се од некои стари книги што сигурно нема да ги прочитате повторно и дајте им ги на оние на коишто им се потребни, а така ќе направите простор за нови книги.
Откако ќе завршите со бришењето и редењето, ќе бидете изненадени од ослободениот простор што ќе го добиете со отстранување на сите оние книги што ќе ги донирате.
2. Направете промена
Со години ги редите книги по големина и боја? Направете промена. Наредете неколку со грбот свртен кон ѕидот, а страниците свртени напред и наредете ги така што големината и бојата ќе бидат целосно небитни. Следете го сопственото чувство за убавина. Половина од книгите наредете ги хоризонтално, една на друга, а другите потпрете ги на нив, поставувајќи ги вертикално.
3. Декоративни предмети
Заборавете на тоа дека книгите треба да бидат сè што гледате на полиците и престанете да ги редите по целата полица. Оставете слободен простор што ќе го пополните со украсни предмети, како што се врамени фотографии, вазни или свеќи. На овој начин, вашите полици за книги ќе изгледаат како да биле наредени од професионален дизајнер на ентериер.
4. Преместете ги полиците
Штом одвоивте време да ги тргнете сите книги од полиците, зарем не е време и да ги преместите полиците на друго место во просторијата? Овој потег не е толку радикален како што звучи на почетокот. Домашната библиотека е многу впечатлив елемент во секоја просторија и дури и најмалото поместување ќе направи голема разлика.
Погледнете ги овие 6 одлични идеи како да го уредите изнајмениот стан.