Јавни исповеди за најинтимните тајни
Знаете како велат, што се случува во Вегас, останува во Вегас? Но, што ако имате можност со целосна дискреција да погледнете во тајниот живот на луѓето околу вас? „Исповеди“ е јавен артистички проект кој ги повикува луѓето анонимно да ги споделат своите исповеди и да ги разгледаат оние на луѓето околу нив во срцето на Лас Вегас.Како стажист во хотелот Космополитен во Вегас, Кенди живеела таму еден месец и за тоа време ја претворила нивната галерија во место каде што секој ќе може да ги сподели своите најдлабоки мисли и грижи. Инспирирана од проектот „Post Secret“, светите Шинто ѕидови за молитви и католицизмот, таа создала место каде што луѓето ќе можат да ги напишат своите исповеди на дрвени плочи, приватно во исповеднички кабини. Потоа таа ги закачува анонимните плочки на ѕидовите во галеријата и дел од нив ги црта на големи платна. Во галеријата исто така е пуштена оригинална мисловна музика од Оливер Бленк. При крајот на изложбата, преку 1.500 исповеди биле изложени на ѕидовите кои рефлектирале најразлични видови емоции:
- Твоето име е истетовирано на мојот задник.
- Сè уште ја сакам. И по 2 девојки и 5 години.
- Сакам порно филмови повеќе од мојот маж.
- Му продавав хероин на мојот пријател и тоа му го уништи животот.
- Се плашам дека ќе умрам млада како мајка ми.
- Јадам премногу кашкавал.
- Имам 30 години и никогаш не сум доживеала оргазам.
- Украдов преку 15.000 долари од компанијата во која работам.
- Не знам што правам, а времето ми истекува…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.