Јапонски ресторан со беспрекорен дизајн
Ресторанот „Tori-Tori“ е еден од највисоко рангираните суши-ресторани во Мексико Сити. Пред извесно време беше отворен уште еден нов ресторан во Поланко, Мексико. Градбата е заеднички проект на архитектот Мишел Роџкинд и дизајнерското студио „Esrawe“. Бидејќи новиот ресторан се наоѓа на многу поголема површина, тие сакале тој да остава впечаток на нешто специфично и несекојдневно.Највпечатлив дел од целата градба е можеби самата фасада. Изработена е од два слоја железо, кои претставуваат мрежа, така направена за да потсетува на растението бршлен, кое го има на високата ограда околу ресторанот. Бидејќи „Tori-Tori“ е јапонски ресторан, ентериерот ја отсликува јапонската култура и стил, но не во строга интерпретација. Мебелот за секој дел од просторот е дизајниран според замислата на сопствениците.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.