Јахта инспирирана од улиците на Монако

Јахта инспирирана од улиците на Монако

Јахтата „Улиците на Монако“ е концепт дизајниран од група страсно креативни дизајнери кои сакаат на ентузијастите за луксуз да им понудат нешто сосема ново. Оваа исклучителна јахта е долга 155 метри, а на нејзе ќе можат да се сместат 16 гости и 70 членови од екипажот.Јахта инспирирана од улиците на МонакоНејзината структура е поддржана со челик и алуминиум на целиот горен дел, а е придвижувана од дизел мотор. Јахтата ќе има три главни области, „Оазата“, „Улиците на Монако“ и „Главниот атриум“. „Улиците на Монако“ ќе биде целосно функционален дел од јахтата, направен според патеката за Формула 1 во Монако и таа ќе биде во преден план. „Оазата“ ќе претставува луксузен дел за релаксација, инспириран од градините пред казиното Монако, додека пак „Главниот атриум“ ќе се наоѓа на централната палуба и ќе ги поврзува собите на горниот и долниот дел од јахтата. Целата јахта ќе содржи компоненти за целосен комфор на гостите и за исполнување на нивните соништа.Јахта инспирирана од улиците на МонакоЈахта инспирирана од улиците на МонакоЈахта инспирирана од улиците на Монако

———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар