Инспиративна фонтана во облик на брод во Валенсија
На прв поглед изгледа како на фотографијава да има брод врз кој удира голем бран, но тоа е во суштина паметно дизајнирана фонтана, која испушта вода низ голем број дупчиња. Лоцирана крај плажата Плаја де ла Малвароса во Валенсија, Шпанија, оваа бродска фонтана создава илузија на бродска конструкција и едро од ликвиден млаз.
Изгледа минималистички, импресивно, надреално и свежо, а се состои од многу едноставна идеја со неколку шипки кои исфрлаат вода и го „цртаат“ нејзиниот облик. Сличен ваков дизајн на фонтана е виден и на други места ширум светот, како таа во Португалија и во Израел, но се чини дека оваа во Валенсија привлекува најмногу странски туристи. Доколку немате можност да ја посетите наскоро, можете во моментов да погледнете фантастичен поглед од 360 степени од нејзината структура на Гугл Мапс.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.