Храна која не е она што изгледа на прв поглед
Замислете да почнете да лупите краставица, но под лушпата да ви се појави банана? Или пак да загризете од модриот патлиџан и да ви се растече живо јајце низ устата? Да, овие хиперреалистично маскирани продукти изгледаат толку реално што можат да ве излажат да посегнете по нив, но да вкусите нешто сосема друго.
Талентираната 19-годишна јапонска артистка Хикару Чо е креаторка на овие лажно насликани продукти кои се нешто сосема друго.
Нејзината работа е забавна и прецизна. Таа користи акрилни бои за да создаде убедливо чувство дека бананата е краставица, портокалот – домат, а јајцето – модар патлиџан. Уште поинтересно е што таа ги сече, крши и лупи маскираните продукти за да можеме да видиме за што всушност се работи под површината на она во што на прв поглед сме убедени дека го гледаме.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.