Футуристичко еко село

Футуристичко еко село

Овој неверојатен футуристички дизајн, претставува концепт направен од Винсент Келебу. Инспириран од органската форма на коралите, тој креирал утописко еко село кое би било наменето за околу 1.000 семејства на Хаитите, кои настрадаа во земјотресот од 7 степени според Рихтеровата скала во 2010 година.
Футуристичко еко селоОва „село“ е наречено „Coral Reef“ или на македонски кажано „Корален Гребен“, а изградено е на сеизмички столбови во близина на самиот брег. На него секое семејство би имало свое парче земја, за да одгледува храна. Помеѓу двата реда живеалишта би имало кањон, а целиот вештачки остров би изобилувал со тропски екосистем, односно со богата флора и фауна. Матната вода од фармите и домовите би се филтрирала, пред да биде испуштена во морето.
Футуристичко еко селоФутуристичко еко селоЦелиот систем е јаглеродно неутрален и би се напојувал преку голем број различни обновливи извори на енергија. Напојувањето би се генерирало преку конверзија на термална енергија под столбовите, од морските струи, од турбини на ветер и преку соларните панели.
Футуристичко еко селоФутуристичко еко селоПред некое време можевте да прочитате за успешно реализираната идеја на Џон и Синтија Харди, кои се креатори на феноменалното еколошки одржливо училиште во Бали. Па тогаш зошто да не веруваме дека и овој прекрасен концепт во брзо време би станал реалност.
Футуристичко еко селоФутуристичко еко селоФутуристичко еко селоФутуристичко еко селоФутуристичко еко селоФутуристичко еко село


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Ivana Reply

    Најс 🙂

  2. eleonora Reply

    vaka gledano mi se rodi zelba da ziveam na selo 🙂 ama tokmu vo ova 🙂

Остави коментар