Фотографии од жени ширум светот кои ќе ви покажат дека убавината е насекаде
Михаела Норок е фотограф од Романија која ја напуштила својата работа и започнала со нов живот. Пред две години, таа го земала својот ранец и фотоапаратот и почнала да патува ширум светот, фотографирајќи илјадници природни жени опколени со својата култура.
Нејзиниот проект е наречен „The Atlas Of Beauty“ и ја опфаќа различноста на нашата планета прикажана преку портретите на жени. Патувајќи со многу мал буџет, таа посетила 37 држави во кои имала можност целосно да се вклопи во околината.
„Сега можам да кажам дека убавината е насекаде и дека не станува збор за козметика или големини, туку многу повеќе за тоа да бидеме оние кои навистина сме“, вели таа. „Глобалните трендови прават да изгледаме и да се однесуваме исто, но ние сме прекрасни само затоа што сме различни. На крајот од краиштата, убавината се наоѓа во очите на оној кој набљудува, а набљудувачот е секогаш некој друг. Мојата цел е да продолжам да правам фотографии од жени од секоја држава на планетата, правејќи го ‘Атласот на убавината’ огледало кое ќе ни ги покажува различните општества и ќе служи како инспирација за луѓето кои се обидуваат да останат автентични.“