Фотографии од небески тела направени од прехранбени производи кои можат да се јадат

Фотографии од небески тела направени од прехранбени производи кои можат да се јадат

Американскиот фотограф Навид Барати нѐ носи на виртуелно патување во вселената преку неговите неверојатни космички сцени кои ги создава со секојдневни состојки како што се сол, цимет или кафе. Имагинативниот фотограф ги става овие состојки на фотографски скенер чиј капак го остава отворен. Барати смета дека неговите фотографии доаѓаат од една измислена вселенска сонда која ја нарекува „WANDER“, која била испратена за да се истражува универзумот. Но, вистинскиот истражувач е самиот Барати, кој продолжува да ги предизвикува бесконечните царства на имагинацијата, експериментирајќи со обичните, земјени материи за да ја генерира неговата фантазмагорична уметност.

Земја: Дно од чаша која содржи виски, кокосово млеко, вода, сос од соја и прехранбени бои; Ѕвезди: Сол, брашно, цимет и кари

Oвој дел на уметничката серија вклучува небески тела од планети и маглини, сите направени од состојки кои можат да се јадат како што се колачиња, палачинки, брашно, млеко и слично. Во универзумот на Барати, месечината не е направена од сирење туку е една палачинка, а Земјината топка е направена од виски, кокосово млеко, вода, сос од соја и прехранбени бои. Погледнете за што станува збор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар