Фотограф прави смешни и слатки фотографии од диви животни
Џулијан Рад, фотограф на дивиот свет од Австрија, ја има најслатката колекција фотографии од верверици, хрчаци и лисици којашто сте ја виделе. Во 2015-та година тој ја освоил и првата награда на реномираниот натпревар „Смешни фотографии од дивиот свет“, со негова фотографија од хрчак кој трча.
Често гледаме документарци за дивите животни, но често ги игнорираме оние со кои го делиме опкружувањето. Навистина е тешко да ги фотографирате малите и брзи животни како глодарите, но Џулијан го прави тоа како професионалец. Погледнете ги неговите неверојатни дела.
1. Уште малку поблиску…

Можеби ова е реинкарнацијата на Скрат, верверицата од „Ледена доба“ (Ice Age), во неговата потрага по оревот.
2. Кој си ти?

На оваа верверица не ѝ се непознати чудата на зимата. Таа си направила пријател, но не е сигурна дали навистина му е потребен носот.
3. Брканица

Овој брз предатор не само што изгледа како да избегал од затвор, туку победил и во натпреварот „Смешни фотографии од дивиот свет“.
4. Црвена верверица

Добре дојдовте на првиот час по јога. Оваа поза ќе ви ја излечи целата тага од Денот на вљубените, а е одлична и за вашиот грб.
5. Среќна лисица

Одеднаш се појави лисица која изгледа како самата да си кажала шега.
6. Ох…

Велат дека оревите се многу добри за вашиот мозок, а ова мало животинче го доживува најголемиот еурека момент во историјата на глодарите.
7. Верверица и лале

Нема ништо подобро од мирен момент во животот кога ќе застанете да ги помирисате цвеќињата.
Продолжува на следната страница…