Факултет кој ќе ви ги направи студентските денови незаборавни
„Виновник“ за неверојатниот дизајн на факултетот за архитектура „Umeå School of Architecture“ е шведската компанија Henning Larsen Architects. Тој е лоциран во градот Умео во Шведска, на уникатно и совршено место – покрај реката Умео.
Фасадата на зградата има коцкест облик и на неа ритмично се распределени квадратни прозорци со различна големина. Уметничкиот шмек кој го создава ентериерот, пространиот дизајн и неформалните простории за состаноци, создаваат една поинаква, отворена лабораториска атмосфера, која е во согласност со идејата за развој, креативна работа и иновативност.
Како центар за развој на футуристичкиот стил во архитектурата, главната цел на оваа градба е да преставува инспирација и мотивација за студентите. Идејата била да се создаде светла и пријатна околина за учење, во која сите професори и студенти ќе бидат во една иста просторија, поделена на повеќе нивоа, а наместо ѕидови во просториите за предавање има стакла, кои даваат одличен визуелен ефект и овозможуваат фантастичен поглед кон реката.
Пет-годишната студиска програма започнала есента во 2009-та година, по чие завршување студентите се стекнуваат со звањето дипломирани архитекти. Од оваа есен 2010-та, тие имаат можност да запишат и мастер студии.
Факултетот за архитектура е дел од универзитетскиот комплекс, кој содржи и академија на уметности, музеј на уметноста, исто така дизајнирани од Henning Larsen Architects.
За оние помладите, на кои сé уште им е рано за студирање, можеби ќе сакаат да го погледнат фантастичното училиште во Мелбурн.
cool
I don’t get it… mnogu bezlicno nekako, malku boja i kreativnost nemase da preci:))
mnogu monotono, fintata e demek da gi zabelezime brojnite prozori?
fintata e vo toa sto ste mnogu glupi i ne ja sfakjate poentata..toa moze da go sfati samo arhitekt…
mozele da stavat nekoi sliki… 🙂 inaku gradbata e interesna…
Убаво ама не за факултет, повеќе ми е за деловен простор! Лично ми е премногу стерилно, не би можел да бидам креативен во ваква атмосфера…
sto moze da svati arhitekt???demek nie drugite ne mozeme da razlikuvame grda kocka so prozorci i klaustrofobichen enterier od vistinska kreativnost??
@mimi
Hahahaaha
se soglasuvam so Igor, poveke e kompetentno za deloven prostor! 🙂