Елегантни хартиени илустрации со многу детали
Јулија Бродскаја е родена во 1983 во Москва. Таа е позната по своите елегантни, детални, рачно изработени илустрации од хартија. Сега живее во Велика Британија, каде што работи како уметник-илустратор.
Од 2004, кога дошла во Велика Британија, почнала да се интересира за разни форми на уметност, почнувајќи од сликање на платно, изработка на оригами и колажи, па сè до потрадиционалните уметности.
Во 2006, се запишала на постдипломски студии за графичка комуникација на универзитетот Хартфордшир, кога продолжила да експериментира и да ги истражува омилените елементи во работата: хартијата, типографијата и рачните изработки со многу детали.
„Типографијата е мојата втора љубов, после хартијата, и многу ми е мило што најдов начин да ги комбинирам заедно. Со ова не сакам да кажам дека ги исклучувам нетипографските дизајни. Сакам да работам на секакви проекти.“
Таа многу брзо се здоби со меѓународна репутација како резултат на нејзините исклучително креативни хартиени илустрации. Соработува со многу компании, а некои од нејзините клиенти се Нокија, Старбакс и Њујорк Тајмс.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.