Елегантен планетарен накит кој ја држи вселената блиску до вашето срце

Елегантен планетарен накит кој ја држи вселената блиску до вашето срце

Благодарение на BeautySpot, сега ќе можете да ја носите вселената околу вашиот врат. Популарниот бутик за накит Etsy shop креирале колекција од модни додатоци наречена „Твојата вселена“ која се состои од ѓердани, белегзии, обетки и прстени од смола, месинг и сребро, во кои се претставени небеските тела од соларниот систем.

Елегантен планетарен накит кој ја држи вселената блиску до вашето срце

Високо квалитетниот, рачно изработен накит е создаден од колекција фотографии од вселената кои ги покажуваат различните осцилации на планетите од Млечниот пат, преработени на начин кој ги открива дури и најситните детали. Резултатот е интересен и се состои од едноставни, колоритни текстури кои одговараат со секоја модна комбинација и се соодветни за секоја пригода. Да се забележи и отслика комплексноста на ѕвездите е една привилегија која нè потсетува колку всушност е неверојатен и чудесен нашиот свет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар