Дизајни на тостови инспирирани од традиционалната јапонска култура

Дизајни на тостови инспирирани од традиционалната јапонска култура

Што правите кога седите дома и имате повеќе слободно време? Станувате малку подоцна или го користите времето за да си подготвите поинаков појадок за кој порано немавте време да го направите?

Јапонската дизајнерка Манами Сасаки решила да го помине седењето дома на креативен начин. Користејќи парчиња леб како нејзино платно, таа создава неверојатни појадоци инспирирани од јапонската култура.

На нејзините тостови можете да видите работи од јапонската култура како што се зен-градините. За да ги направи, таа ставила павлака за основа, а со помош на виљушка го направила песокот. Чајот мача во прав претставува мов, додека оревите и макадамијата ги поставила да изгледаат како камења.

Сите состојки можат да се јадат, но комбинацијата од сос од домати, маргарин, лисја од нане и сенф е нешто што многумина не би сакале да го пробаат. Можеби повеќето тостови се само еден вид „уметничко создавање“, а не нешто за јадење. Како и да е, сигурно и вие ќе се согласите дека креациите се прекрасни.

Повеќе креации можете да најдете на нејзиниот профил на Инстаграм.

Можеби ќе ве интересира и како еден уметник прави колачиња што личат на (не) секојдневни предмети.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар