Дел од првите фотографии во боја што ни го покажуваат животот пред речиси еден век
Многу често, кога го замислуваме периодот од раниот 20-ти век, го замислуваме во црно и бело. Причината за ова е тоа што мнозинството фотографии кои се од тој период не се во боја. Тоа го прави минатото да изгледа како некој сон, а не како нешто реално.
Но, некои од најстарите фотографии во боја можат да ни овозможат фасцинантен поглед кон животот и светот во тој период.
Додека фотографиите во боја почнале да се прославуваат на почетокот на 21-иот век, тие постоеле и пред тој период.
Пред 1907 година, ако сте сакале фотографија во боја, требало да ја однесете кај професионалец за боење, кој всушност ги боел фотографиите со различни бои и пигменти.
Двајца браќа од Франција, Агуст и Луи Лумиер, го промениле сето тоа со нивната технологија. Користејќи обоени зрна од компиров скроб и емулзија чувствителна на светлина, тие правеле фотографии во боја за кои не било потребно додатно боење.
Овој процес бил скап и тежок, но станал многу познат помеѓу фотографите аматери. Една од првите книги кои содржат фотографии во боја била направена со техниката на браќата Лумиер.
Дури во 1935 година се случила револуција на фотографиите во боја, правејќи ја техниката на Лумиер застарена. Но, благодарение на оваа техника, денес сме во можност да го видиме светот во раните 1900-ти онаков каков што навистина бил.
Погледнете ги и овие неверојатни фотографии од Њујорк, од 19 и 20 век.