Црно-бели фотографии кои носат моќна порака: Ниту една жртва на насилство не си го заслужила тоа!

Црно-бели фотографии кои носат моќна порака: Ниту една жртва на насилство не си го заслужила тоа!

Како што и многу често се случува, 2 или 3 збора знаат да кажат многу повеќе од цели реченици. Овој пат, тие зборови се поткрепени со фотографии кои носат една многу моќна порака, а тоа е дека никој не си го бара насилството сам и дека злоупотребувањето на луѓето е секогаш апсолутно неоправдано.

(9)-crno-beli-fotografii-koi-nosat-mokjna-poraka-nitu-edna-zhrtva-na-nasilstvo-ne-si-go-zasluzhila-toa-kafepauza.mk

Обвинете го оној кој силува, не жртвите

Проектот „Сè уште не си го барам“ од австралиската фотографка Рори Банвел претставува збирка фотографии кои имаат за цел да ја разбудат свеста на народот за степенот на домашно насилство и силување кој расте со секој нов ден. На фотографиите можат да се забележат мажи и жени, млади и стари, од кои некои и самите се жртви на насилство, а на чии полуголи тела се испишани фрази кои на различен начин го кажуваат истото – никој не заслужува да биде злоупотребен и малтретиран на кој било начин.

Мотивацијата за овој проект е ќерката на Банвел, Рори, и нејзиниот сопруг. Дознавајќи дека таа е бремена со женско дете, додека самата е жртва на насилство, решила да преземе нешто во врска со тоа, па така овој проект претставува надеж дека нејзината ќерка ќе живее во подобар свет. Според неа, овие неколку фотографии се само почеток и таа планира да продолжи со овој проект, фотографирајќи многу повеќе жртви и активисти од секоја раса, возраст, религија и пол.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар