Будат чувство на среќа: 5 совети како да го уредите вашиот дом во топли бои

Будат чувство на среќа: 5 совети како да го уредите вашиот дом во топли бои

Дали некогаш сте влегле во простор каде што, веднаш штом стапнавте во него, се чувствувавте пријатно, заштитено, среќно и инспирирано? Голема е веројатноста тој простор да бил уреден во топли бои. Кога сте опкружени со топли бои, во просторот се создава чувство на позитивна енергија, удобност, страст, интимност.

Будат чувство на среќа: 5 совети како да го уредите вашиот дом во топли бои

За топли бои се сметаат сите нијанси на црвена, жолта и портокалова, а тука спаѓаат и бојата на праска и нијансите на розова и златна боја, така што можете да ги комбинирате овие бои при уредувањето на вашиот дом.

Како да го уредите просторот во топли бои?

Клучот е во комбинирањето на топли и ладни бои, во умереноста, но и во креативноста.

1. Бели или темни ѕидови?

Будат чувство на среќа: 5 совети како да го уредите вашиот дом во топли бои

Кога луѓето ќе одлучат да внесат бои како црвена или жолта боја во просторот за живеење, тие често мислат дека сè друго мора да биде совршено бело. Но, ѕидовите може да бидат во темни бои како сива или во ладни тонови како тиркизна. Токму оваа комбинација на бои постигнува контраст што дава одредена доза на „скапост“.

2. Користете теписи

Будат чувство на среќа: 5 совети како да го уредите вашиот дом во топли бои

Еден од наједноставните начини да се трансформира просторијата и да ѝ се даде чувство на топлина е да додадете тепих. Ова е местото каде што топлите бои можат да дојдат до израз. За да може килимот да се вклопи во целокупниот простор, барем една од боите на тепихот треба да одговара на деталите, како што се декоративните перници или уметничките дела на ѕидот.

3. Поиграјте со ткаенините

Будат чувство на среќа: 5 совети како да го уредите вашиот дом во топли бои

Декоративните перници се наједноставниот и најевтиниот начин да внесете топли бои во домот. Топлите бои можете да ги истакнете и преку постелнината, завесите или преку лесно поставените ќебиња на софата во дневната соба.

4. Внесете уметност

Будат чувство на среќа: 5 совети како да го уредите вашиот дом во топли бои

Доколку не сакате да инвестирате во украсни предмети како перници, фигури или вазни во топли бои, тогаш идеално решение се сликите. Еден ѕид исполнет со слики ќе создаде впечаток на галерија и на тој начин ќе ја искажете вашата креативност.

Будат чувство на среќа: 5 совети како да го уредите вашиот дом во топли бои

Кога станува збор за уметноста, тоа не мора да значи скапи уметнички дела. Можете да ги закачите цртежите на вашите деца, илустрациите од некои патувања или вашите сопствени обиди за сликање.

5. Внесете елементи од природно дрво

Бојата на природното дрво совршено се вклопува во топлите тонови. Таа може веднаш да преобрази просторот и да му даде чувство на удобност, а дрвениот под или дрвениот мебел во кафени тонови се идеални за да го постигнете тоа.

Будат чувство на среќа: 5 совети како да го уредите вашиот дом во топли бои

Без разлика дали станува збор за масичка во дневната соба, за биро или за целата кујна, дрвото е лесно за одржување, трае со години и дава чувство на поврзаност со природата.

Будат чувство на среќа: 5 совети како да го уредите вашиот дом во топли бои

Погледнете ги овие 20 идеи за внатрешна трансформација на домот без да потрошите многу пари.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар