Бојата што ќе биде хит во 2021 година лесно се вклопува во секој простор
Останаа нешто повеќе од три месеци до почетокот на 2021 година, многумина со нетрпение очекуваат да ја остават зад себе 2020 година, а сите се љубопитни кога станува збор за трендовите што ќе преовладуваат во текот на следната година.
Американската компанија за бои „Шервин-Вилијамс“ објави која боја ќе биде голем хит во 2021 година при уредување на ентериерот и на екстериерот.
Во годината што доаѓа, ќе преовладува топлата, темна боја богата со сиви поттонови, што во „Шервин-Вилијамс“ ја нарекуваат „урбана бронза“. Оваа боја ќе ве опушти и ќе ви овозможи да се чувствувате удобно.
Оваа неутрална боја ќе изгледа најдобро ако ја комбинирате со други топли неутрални тонови, како што се посветли нијанси на сива или малку зелена боја. Исто така, таа се комбинира со природни материјали како дрво, ткаен текстил и метал.
За почеток, секогаш можете да започнете со ѕидовите, односно да бојадисате еден ѕид во богата темносива нијанса што ќе го направи домот место каде што ќе можете да го најдете вашиот мир во секое време.
Погледнете ги овие идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујна.