Боите на природата во макрофотографија
Макрофотографијата е метод на фотографирање мали објекти одблизу, со помош на специјализирана опрема. Поинаку кажано, тоа е процес на фаќање слики од мали објекти со стандардна фотографска леќа во размер 1:1 или поголем. Според професионалците, макрофотографијата е способност на леќата да произведе слика која е исто толку голема (или поголема) на дигиталниот сензор, како што е во реалниот живот.
Макрофотографијата не вклучува зумирање или приближување до субјектот. Наместо тоа, фотографите се „потпираат“ на самата леќа да ја зголеми сликата која ќе се пренесе на сензорот или на филмот.
Најпопуларни нешта кои фотографите ги избираат за нивни субјект на макрофотографија се дрвјата, цвеќињата, инсектите и целокупната природа во сите нејзини облици и големини.
Оваа прекрасна и инспиративна колекција од макрофотографии е направена од страна на самоукиот фотограф Јоаким Краемер кој има само 19 години, а живее во Норвешка. Тој започнал да се занимава со фотографија кога го купил првиот DSLR фотоапарат, во јануари 2008.
Неговите фотографии ја одмораат душата и го освежуваат окото, на инспиративен начин прикажувајќи ја природата од поинаков агол.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.