Безвремени идеи за уредување на домот - Part 3

Безвремени идеи за уредување на домот

10. Остава

15-bezvremeno-i-elegantno-15-idei-za-ureduvanje-na-domot-koj-sekogash-kje-bidat-vo-trend-www.kafepauza.mk_

Кога е во прашање добрата организација на ентериерот, тогаш оставата никогаш не излегува од мода. Полиците, фиоките и кошниците се секогаш корисни, држат сѐ на своето место и најдобро го искористуваат дадениот простор.

11. Пруги

3-bezvremeno-i-elegantno-15-idei-za-ureduvanje-na-domot-koj-sekogash-kje-bidat-vo-trend-www.kafepauza.mk_

Без разлика дали станува збор за хоризонтални или вертикални, пругите со векови се класични детали кои красат многубројни ентериери. Ова е еден од графичките мотиви кои според својата едноставност секогаш ќе биде популарен.

12. Ѕид со фотографии или слики

1-bezvremeno-i-elegantno-15-idei-za-ureduvanje-na-domot-koj-sekogash-kje-bidat-vo-trend-www.kafepauza.mk_

На еден ѕид можете да имате сопствена галерија. Изберете фотографии кои имаат лично значење за вас. Доколку сакате да постигнете еклектичен стил, тогаш одлучете се за различни модели и бои на рамки, а доколку повеќе преферирате традиционален стил, тогаш изберете рамки кои меѓусебно се согласуваат.

13. Мек теписон

16-bezvremeno-i-elegantno-15-idei-za-ureduvanje-na-domot-koj-sekogash-kje-bidat-vo-trend-www.kafepauza.mk_

Популарноста на теписоните заедно со стиловите и нивните дизајни често се менуваат, но меките теписони на тврди подлоги секогаш се актуелни. Освен тоа што се меки, удобни за одење и пријатни за око, овој теписон одлично служи и за поставување на граница внатре во просторијата.

14. Темно сина боја

Иако и трендовите на бои постојано се менуваат, секогаш можете да сметате на морско сината боја, односно темно сината боја. Затоа без двоумење купете кауч во таа боја или бојадисајте ја масата, а со доаѓањето на новите трендови само изменете ги деталите и додатоците како што се перниците.

15. Впечатлива влезна врата

12-bezvremeno-i-elegantno-15-idei-za-ureduvanje-na-domot-koj-sekogash-kje-bidat-vo-trend-www.kafepauza.mk_

Детаљот од вашата куќа кој секогаш ќе привлече внимание е сигурно влезна врата во боја. Изберете некоја храбра боја, како што е црвената и бојадисајте ја вашата врата во неа. На овој начин одлично ќе го зачините изгледот на вашата куќа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар