Безвремен моден едиторијал низ улиците на Париз

Безвремен моден едиторијал низ улиците на Париз

Иако современите технологии и програмите како Фотошоп вметнаа нова димензија во уметноста и драстично ги сменија погледите на она што се смета за убаво, факт е дека вистинските уметници одлично функционирале и пред нив. Доказ за тоа е овој неверојатен едиторијал на признаениот моден фотограф Мелвин Соколски. Наречен е „The Bubble Series“, креиран е во 1963 година за пролетната колекција на Harper’s Bazaar и ја прикажува прекрасната Симон Д’Ајанкур во конструкции со облик на меурчиња како буквално плови низ Париз.

Безвремен моден едиторијал низ улиците на ПаризБезвремен моден едиторијал низ улиците на ПаризБезвремен моден едиторијал низ улиците на ПаризБезвремен моден едиторијал низ улиците на ПаризБезвремен моден едиторијал низ улиците на Париз

Идејата за фотосесијата ја добил шетајќи низ трговски центар во Њујорк, каде забележал необично украсен излог во кој биле поставени два големи меури и веднаш се сетил на слика од Хиеронимус Бош во која меурчињата изгледале како да излегуваат од земјата. Пронашол место во Лонг Ајленд каде што требало да ја изградат конструкцијата според примерот на јајцата Фабреже, но бидејќи не успеале да го направат онака како што тој го замислувал, на крајот заедно со својот тим го изработиле во своето студио. Интересен е фактот што Мелвин Соколски имал само 21 година кога ги направил овие феноменални фотографии.

Безвремен моден едиторијал низ улиците на ПаризБезвремен моден едиторијал низ улиците на ПаризБезвремен моден едиторијал низ улиците на ПаризБезвремен моден едиторијал низ улиците на Париз

Огромното меурче било поставено со помош на кран, секако прво морале да извршат неколку тестирања за да нема непредвидени ситуации и никој да не се повреди. За време на снимањето најголем проблем било тоа што кога манекенката ја сместувале во меурчето ветерот постојано и ја уништувал фризурата. На крајот Соколски го натерал и фризерот да влезе во меурчето за манекенката воопшто да не мора да ја напушта конструкцијата. Прекрасни се, зарем не?

Безвремен моден едиторијал низ улиците на ПаризБезвремен моден едиторијал низ улиците на ПаризБезвремен моден едиторијал низ улиците на Париз


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

Остави коментар