Бескрајноста на универзумот минијатуризирана во импресивни фотографии
Да се обидете да ја разберете пространоста на универзумот е застрашувачка задача. Доволно е само да прочитате за растојанието помеѓу Земјата и најблиската ѕвезда или галаксија и вашата глава веднаш ќе почне да ве боли. Токму затоа самата помисла да се минијатуризира нешто толку огромно како космосот е навистина фасцинантно.
Еден корисник на „Reddit“ со име „TheScienceLlama“ го сторил токму тоа. Користејќи го филтерот тилт-шифт во Фотошоп тој креирал прекрасна серија вселенски фотографии. Овие обработени фотографии се разликуваат од оригиналните поради ефектот кој се постигнува со замаглување на одредени делови од нив со кои се симулира подлабока длабочина на полето.

Маглината Коњска глава

Маглината Рак

Кентаур А

Галаксијата Митхук

Маглината Шлемот на Тор

Маглината Молив

Галаксијата Тедпол

Галаксијата Андромеда
Погледнете ги и наредниве фотографии кои се направени со истиот ефект од страна на друг корисник на „Reddit“ со име „Wattsit“. Доколку сакате да ги имате овие фотографии како десктоп позадини можете да ги симнете од неговиот профил на „Imgur“ во поголема верзија.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.