Атрактивен канцелариски дизајн со вегетациски шмек
Француската архитектонска фирма „Pottgiesser“ ги има направено овие современи канцеларии со балансиран стил, за двете компании „Pons“ и „Huot“. Просторот е распореден во две хоризонтални рамнини една над друга, поделени со дрвена платформа, која служи и како покрив и како работно биро.
Канцелариите се сместени во реставрирана индустриска хала од 19от век, која е поддржана од метална рамка прекриена со стакло кое само се чисти.
Под дабовата платформа која служи како бироа за вработените, се наоѓаат салите за состаноци, собата за одмор и тоалетите. Архивата, кујната и соблекувалните се наоѓаат во четирите странични простории.
Уникатната брановидна поставеност на ентериерот, создава посебен канцелариски простор со сложена шема. Куполите направени од транспарентен плексиглас го определуваат работниот простор на секоја индивидуа.
Специфичност на овој простор му даваат фикусните дрва со прикриени жардиниери, кои создаваат чувство на прекрасен отворен простор исполнет со светлина и вегетација.