9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор

9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор

Вашата спална соба треба да биде удобно и пријатно катче во кое секогаш можете да се повлечете, да се одморите и опуштите. Дури и малечката спална соба која нема многу простор може да биде трансформирана во најубавата и најпривлечната точка во вашиот дом од која ретко кога ќе посакате да излезете. Погледнете ги овие 9 практични совети кои ќе ви помогнат правилно и максимално да го искористите малиот простор.

1. Избегнувајте темни ѕидови

9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор

Светлите и лесни бои или тапети ќе направат собата да изгледа многу поголема отколку што е.

2. Не плашете се да користите несекојдневни бои

9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор

Светлите и вибрантни бои, живите слики, разнобојните завеси или шарениот покривач за креветот можат многу да ја осветлат вашата соба и да го подигнат расположението на секој кој ќе ја посети. Но, бидете умерени во боењето и декорацијата.

3. Изберете светло обоен плакар за облека

9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор

Честопати, спалната соба служи и како место каде ја чувате вашата облека и огромните плакари можат да го зафатат цел простор. Изберете светло обоен плакар за да го зголемите чувството на простор во вашата соба.

4. Уште подобро, доколку имате можност, изберете вграден плакар

9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор

Како алтернатива на вообичаениот плакар, изберете вградени плакари во ѕидот. Во повеќето случаи и завесите можат да ја преземат улогата на врати и да ја зачуваат леснотијата и светлоста на овој внатрешен дизајн.

5. За сезонската облека, ставете закачалка за најчесто употребувани и носени парчиња

9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор

Оние парчиња облека кои ретко ги облекувате може да бидат ставени на полици чија боја се совпаѓа со бојата на ѕидот. Ова е интересна идеја која не само што служи како креативна декорација, туку и значително го намалува натрупувањето на облеката во плакарите.

6. Минимализмот е одличен концепт за дизајн на малите соби

9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор

Задржете ги само најважните и најфункционалните парчиња мебел во собата и додадете ограничен број декоративни елементи.

7. Ако се ученик или студент, тогаш ви е потребен и простор за работа

9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор

Обидете се да одвоите дел каде ќе го сместите вашето биро, вашиот компјутер, книгите, приборот за работа и слично. Мебелот во собата би било добро ако е компактен и повеќенаменски.

8. Детските соби ќе изгледаат поубаво со светли и разиграни тонови

9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор

Во овој случај користете ги најсветлите и највпечатливите бои како што се светло зелената или нежно виолетовата боја.

9. Двојните кревети се многу ефикасни и ефективни

9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор

Кога во собата престојуваат две дечиња, тогаш модерните изгледи на двојните кревети се многу удобни и одлични за зачувување на просторот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар