7 идеи за суптилна тетоважа со школка, за сите оние што сакаат да живеат во вечно лето
Никогаш не сте престари за да собирате школки на плажа. Тие се како накит на морето што не престанува да ве изненадува со своите уникатни форми и прекрасни бои. Токму затоа е и тажно кога треба да се разделите со деновите на плажата. Но, ако размислувате за нова тетоважа, и се пронајдовте во овој опис, тогаш имаме 7 прекрасни идеи за вас!
Само имајте на ум дека е лето. Според препораките на докторите, не смеете да пливате барем 3 недели од ставањето на тетоважата. Затоа е најдобро да се консултирате со тату артистот за соодветните техники за грижи, иако наш совет е да почекате до есен за да ја добиете вашата школка. Таман тоа ќе биде и одличен начин да се збогувате со летото.
1. Апстрактна школка
Овој вид школка е еден од најинтересните што можат да се најдат во песокот. Токму затоа и секогаш кога ќе ја погледнете оваа тетоважа, таа ќе ве потсетува дека носите дел од океанот со себе.
2. Школка што мами погледи
Боите и нијансите на оваа тетоважа без сомнение ќе ги натера луѓето да се свртат кон вас за да можат да го впијат секој детаљ од неа.
3. Школка за на плажа
Ако подобро размислите, не ви се потребни бои за школката да се истакнува. Доволно е да имате ваква едноставна и слатка тетоважа, што ќе биде одлична за фотографирање на плажа, како и топол потсетник за летото во студените зимските денови.
4. Слатка школка
Да бидеме реални, едноставно нема да можете да не се заљубите во школка со нијанси на розова боја. Бидете уникатни и забавувајте се со дизајнот.
5. Школка што шепоти
Колкупати ви се случило да земете школка од песокот и да се обидете да го чуете морето во неа? Ако сакате да го овековечите овој спомен, тогаш малата школкичка за увото е одлична идеја за вас!
6. Школка како накит
Сакате да бидете уникатни? Одберете ја најубавата школка на плажата и потоа однесете ја кај тату артистот за да се обиде да ја рекреира на вашето тело. Потоа најдете ѝ убаво место во домот каде што ќе ја краси просторијата, додека истовремено ја носите и на себе.
7. Школка за сирени
Кој вели дека ова не е печатот за тајно друштво на сирени? Оваа школка е толку едноставна, но се издвојува поради својата позиција. Одлична е за на плажа, но и за време на студените зимски денови!
Погледнете ги и овие одлични идеи за тетоважи на ‘рбетот!