5 објекти кои се сведоштво за раскошот на византиската архитектура
Позната по својата екстравагантност, византиската архитектура се одликува со високи уметнички достигнувања како и повеќекратни религиозни влијанија. Како и византиската уметност, така и византиската архитектура била под големо влијание на православното христијанство со цел да му се оддаде чест на Господ преку неверојатните архитектонски дела. Голем дел од византиските објекти биле нарачани од римскиот император Јустинијан. За време на неговото владеење, се граделе објекти со прекрасни внатрешни мозаици и високи куполи со елементи на многу стилови, вклучувајќи ја грчката, римската и архитектурата на Блискиот Исток.

(Stock Photos Inguaribile Vlaggiatore/Shutterstock)
Во продолжение погледнете кои 5 објекти и до ден денес сведочат за големината и раскошноста на византиската архитектура.
1. Света Софија
Најпознат пример за византиска архитектура е дефинитивно Аја Софија. Овој објект ги отелотворува деталите и драматичноста на архитектонскиот стил. Света Софија порано била црква и музеј, а денес се користи како џамија. Објектот со 1500 години животен век со право се смета за едно од најважните културно-историски обележја на Истанбул.

(Stock Photos AlexAnton/Shutterstock)

( Stock Photos Artur Bogacki/Shutterstock)
2. Базилика Свети Марко
Базиликата Свети Марко во Венеција претставува уникатен бисер на византиската архитектура. Сместена во близина на плоштадот Свети Марко, базиликата е пример за италијанската интерпретација на византиската естетика. Нејзината изградба била под големо влијание на Света Софија. Некои од артефактите на базиликата всушност дошле директно од Света Софија по Четвртата крстоносна војна. Освен византиски влијанија, таа се одликува и со влијанија на ренесансната и готската архитектура.

(Stock Photos DILOCOM/Shutterstock)

(Stock Photos Zdenek Matyas Photography/Shutterstock)
3. Базилика Нов Свети Аполинер
Базиликата Нов Свети Аполинер е византиска црква што се наоѓа во Равена, Италија. Била изградена како капела на Теодорих Велики. Црквата изобилува со мозаици и детали на многу уметнички стилови кои сведочат за нејзината долга историја.

(Stock Photos Sergey Dzyuba/Shutterstock)

(Stock Photos Alvaro German Vilela/Shutterstock)
4. Хосиос Лукас
Изграден на планината Хеликон во Грција, манастирот Хосиос Лукас бил еден од најважните манастири во средновековниот период. Манастирот е изграден во 10 век и е посветен на христијанскиот светец Свети Лука Еладски чии останки се вели дека се сочувани внатре во манастирот. Еден од неговите највпечатливи детали се шарените внатрешни мозаици.

(Stock Photos yiannisscheidt/Shutterstock)

(Stock Photos Joaquin Ossorio Castillo/Shutterstock)
5. Јеребатан Сарај (цистерна)
Овој пример на византиска архитектура се разликува од украсените златни детали пронајдени во Света Софија. Се работи за цистерна која во средновековниот период го снабдувала Цариград со вода. Таа била изградена за време на владеењето на Јустинијан I. Еден од највпечатливите детали на цистерната се основите на столбовите со ликот на Медуза.

(Stock Photos Sergey Dzyuba/Shutterstock)

(Stock Photos Volodymyr Goinyk/Shutterstock)
Откако откривте кои се 5-те најзначајни објекти на византиската архитектура ширум светот, ви препорачуваме да прочитате и кои 7 средновековни знаменитости во Европа можете да ги посетите и денес.
Извор: mymodernmet.com