5 идеи како да го искористите максимумот од поткровјето

5 идеи како да го искористите максимумот од поткровјето

Без разлика дали станува збор за станбен или за деловен простор, ќе се согласите дека поткровјето е специфично и посебно, но адаптацијата и уредувањето на таквиот простор е вистински предизвик. Деталите се од големо значење ако сакате максимално да го искористите просторот и да го направи функционален.

1. Погрижете се за изолацијата на станот

5 идеи како да го искористите максимумот од поткровјето

При уредувањето на поткровјето, потребно е да се погрижите за инсталирање многу добра топлинска изолација бидејќи овој дел има еден голем недостаток – топло во лето и ладно во зима.

Квалитетната топлинска изолација прави чуда и навистина не треба да штедите на тоа. Истото важи и за столаријата: ставете квалитетни прозорци бидејќи тие значително влијаат на топлинските својства на зградата и на самиот простор.

2. Светлина

5 идеи како да го искористите максимумот од поткровјето

Овозможете колку што е можно повеќе светлина – дозволете му на сонцето да влезе во станот, а ноќе погледот на ѕвезденото небо ќе ви биде најубавиот начин за одмор. Исто така, треба да имате и квалитетна заштита од сонце.

3. Каде да ги чувате сите работи

Просторите на поткровјето имаат многу помала употребливост во однос на становите со рамен таван. Вие треба да го претворите тој недостаток во предност.

Вградените плакари се едно од најдобрите решенија. Можете исто така да си поиграте со уредувањето на детската соба и да дизајнирате сопствен мебел со многу простор за складирање на детските играчки, а во исто време да создадете имагинарен свет за децата. Кренете го креветот на повисоко ниво од подот и просторот под него искористете го за нешто друго.

4. Галерија

5 идеи како да го искористите максимумот од поткровјето

Направете уште едно ниво под самиот покрив кој ќе можете да го искористите како библиотека, работен простор или спална соба.

5. Комбинација на бои

5 идеи како да го искористите максимумот од поткровјето

Бојата е субјективна работа. Сепак, поткровјето е простор каде што нема многу светлина, па имајте на ум дека посветлите бои визуелно ќе го зголемат и ќе го прошират просторот.

Ако имате повеќе прозорци ќе имате многу повеќе светлина и просторот ќе изгледа поголем, а со употреба на посветли и посвежи бои ќе го подобрите целиот визуелен впечаток.

Но, ако сакате потемни бои, не двоумете се. Кажете им ги вашите идеи и желби на експертите и организирајте го просторот за живеење според вашите желби.

Погледнете како тапетите може да го трансформираат изгледот на која било просторија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар