5 идеи како да ги внесете боите на сонцето и на морето во вашиот дом

5 идеи како да ги внесете боите на сонцето и на морето во вашиот дом

Сината и жолтата боја се поврзуваат со летото, со сонцето и со морето, а во продолжение ќе прочитате како да ги внесете овие бои во вашиот дом, без многу трошоци.

1. Цвеќиња во вазна

5 идеи како да ги внесете боите на сонцето и на морето во вашиот дом

Наједноставниот начин на кој ќе оживее целиот дом е цвеќето. Сончогледите или други жолти диви цвеќиња ќе изгледаат прекрасно во сина вазна. Од друга страна, комбинацијата на бои може да биде обратна, сините цвеќиња, како што е хортензијата, во жолта вазна ќе го имаат истиот ефект.

2. Завеси

5 идеи како да ги внесете боите на сонцето и на морето во вашиот дом

Менувањето на бојата на завесите може да ѝ даде сосема поинаква атмосфера во просторијата, па дури и да влијае на светлината. Сините завеси со пригушени тонови во собата ќе имаат благотворно дејство, а со жолти завеси просторијата ќе стане пожива.

3. Слика или постер на ѕидот

5 идеи како да ги внесете боите на сонцето и на морето во вашиот дом

Кога сакате да ја смените бојата на ѕидовите, но немате време за ваков потфат, едноставен начин да направите сè да изгледа како ново е да ги смените сликите или постерите на ѕидот, особено ако самиот ѕид е бел.

Ако сакате да го внесете спојот на сонце и море во вашиот дом, изберете постери и слики во жолти и сини нијанси. Обрнете внимание на големината на ѕидот и соодветно изберете ги рамките, а за најелегантен впечаток, сите рамки нека бидат во иста боја.

4. Перничиња и прекривки

5 идеи како да ги внесете боите на сонцето и на морето во вашиот дом

Перничињата се парче декор што многу брзо може да ја смени атмосферата во просторијата. Ако имате софа, фотелја или кревет во неутрални бои, можете да додадете перничиња и прекривки во жолти и сини тонови.

5. Навлаки за столови и софи

5 идеи како да ги внесете боите на сонцето и на морето во вашиот дом

Ако во дневната соба имате столови или софа од кои воопшто не сте задоволни, а менувањето е преголема инвестиција, можете да ги обновите со едноставно ставање навлаки.

Погледнете ги овие 10 идеи како да создадете морска атмосфера на балконот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар