4 совети како да создадете царство од рози на балконот

4 совети како да создадете царство од рози на балконот

Мирисливи рози се неопходен дел од градините на љубителите на цвеќе, а можете да ги одгледувате и на мал простор како што е балконот. Притоа, важно е да се земат предвид неколку фактори што се потребни за розите да заблескаат со својот изглед.

1. Ставете ги на соодветен дел на балконот

Розите можат да успеат речиси на секој балкон, но исклучок се оние што се на северната страна. Имено, на розите им е потребна поголема количина сонце, а северната страна на балконот не може да го обезбеди тоа.

Но, тие не може ни да бидат изложени на силното јужно сонце цел ден, па затоа обидете се да ги поставите на исток, на запад, на југоисточната или на југозападната страна на вашиот дом. Ако самиот балкон не го дозволува тоа, секогаш можете да ги поставите на надворешната страна на прозорецот.

2. Земете го предвид видот на розите

4 совети како да создадете царство од рози на балконот

Во ботаниката се евидентирани над 14.000 видови рози, но не можат сите да преживеат во иста средина. Некои можат да преживеат на многу ниски температури, а други се погодни за тропски региони и за температури кои се искачуваат до 40 степени. Затоа, розите за вашиот балкон треба да бидат избрани во согласност со климатското поднебје во кое живеете.

Во нашиот регион успеваат малите рози и тие се идеални за создавање вистинска бајка на балконот. Тие имаат дијаметар малку помал од вообичаените рози, а нивниот силен мирис и изобилството на цвеќе во една грмушка нема да ве остават рамнодушни.

3. Изберете ги теглите правилно

4 совети како да создадете царство од рози на балконот

Ако сакате да одгледувате грмушка од рози на балконот, треба да набавите средни и големи тегли, чија длабочина, како и дијаметар, мора да биде најмалку 40 центиметри. Од друга страна, ако сакате да одгледувате џуџести рози, ќе ви биде потребна тегла со дијаметар и длабочина од 20 до 30 цм.

Исто така, мора да им обезбедите соодветна дренажа, па не заборавајте дека теглата мора да има дупки на дното за одвод на вишокот вода.

4. Наводнувајте ги и хранете ги соодветно

4 совети како да создадете царство од рози на балконот

Кога станува збор за наводнувањето, розите се растенија што сакаат вода, особено за време на жешките летни денови. Покрај тоа, грмушката од рози треба да прима 5-6 литри вода неделно, па дури и повеќе ако е поголема и ако има многу цветови. Водата треба да се нанесува директно на земјата, а не на лисјата бидејќи капките вода во текот на жешките денови може да остават трајни последици врз нив.

Но, важно е и да знаете дека розите бараат дополнителна грижа, така што на секои две до три недели треба да додавате течно ѓубриво наменето за рози во водата со која ги наводнувате.

Погледнете ги овие идеи како да го претворите малиот двор или балкон во удобно место за релаксирање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар