20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посети - Part 2

20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посети

11 Ложата Mонтана магија – Нелтум, Чиле

20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посети

Конусната структура од бајките лесно може да биде помешана како дел од џунглата, ако не беа прозорските стакла од страните. Уште една особеност за овој хотел е дека нема нормален влез, туку посетителите и гостите мора да поминат преку висечки мост.

12. Домот на жирафите – Најроби, Кенија

20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посети

Предградието на Најроби не би било толку интересно ако не беше хотелот со шест соби наречен Дом на жирафите, изграден во 19-от век во средината на локалниот парк за жирафи. Друштвото на овие прекрасни суштества ќе го направи вашиот престој таму незаборавен.

13. Вила Ескудеро, Куезон, Филипини

20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посети

Вилата Ескудеро ги отвори своите врати за гости во 1981 година и оттогаш стана светски познато одморалиште. Овде ќе најдете приватни музејски колекции на артефакти, па дури и неверојатните водопади изградени од човек, покрај кои може да седите и да уживате во филипинската храна и пијалаци.

14. Хотел Мироркјуб куќарка на дрво – Харадс, Шведска

20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посети

Овие стаклени коцки ги рефлектираат дрвата, шумските ледини и небото или со други зборови сѐ што ги опкружува и затоа некои од вас можеби дури нема ни да ги забележите. Внатрешниот дизајн е изработен од букова иверица. Секоја соба има спална со огромен кревет, бања, салон и тераса на покривот.

15. Луксузниот комплекс Сант Анџело – Малтара, Италија

20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посети

Италијанскиот град Малтара на гостите им нуди можност да станат пештерски луѓе. Луксузниот комплекс Сант Анџело ги адаптирал пештерите и сега тие се главна атракција, иако гостите ќе уживаат во сите благодати на денешницата, за разлика од луѓето кои тука живееле пред илјадници години.

16. Хотел Ловец на соништа – Алош, Франција

20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посети

Преведено од Француски, оригиналното име на овој хотел, „Attrap’Rêves“ значи „ловец на соништа“. Хотелот се состои од транспарентни кутии кои наликуваат на огромни меури и сите се поставени длабоко во шумите, под небото. Интересно е дека сите гости кои престојуваат во хотелот добиваат телескоп и ѕвездена мапа.

17. Радисон Блу – Берлин, Германија

20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посети

Главната атракција и декорација во овој стилизиран хотел, без двоумење е најголемиот цилиндричен аквариум во светот. Во комплексот има 427 луксузни соби и тој претставува главна атракција на модерниот Берлин.

18. Марина Беј Сендс – Сингапур

20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посети

Марина беј сендс е луксузен хотел и казино во Сингапур, и има три кули со 55 ката, секоја висока 200 метри и тераса во вид на гондола со базен и градина на врвот од кулите. Комплексот има 2.561 соба, како и простор за изложби, музеј, две театарски сали и седум ресторани.

19. Леден хотел – Јукарсјеви, Шведска

20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посети

Архитектонското ремек-дело направено од снег и мраз веќе е старо 25 години. Собите секоја година изгледаат различно бидејќи мразот се топи секоја пролет. Заедно со клучевите, гостите добиваат топла долна облека, топли капи и вреќи за спиење.

20. Хотел Праран – Мелбурн, Австралија

20 необични хотели во светот кои секој треба да ги посети

Реконструкцијата на старата зграда од хотелот во Мелбурн завршила со индустриска револуција. Хотелот Праран го добил стариот изглед, а главниот елемент од кој е направена фасадата се бетонските, округли прозорци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар