20 горчливи вистини презентирани од страна на „Компирот на вистината“ коишто ќе ве замислат
Повеќето од вистините коишто ги дознаваме во секојдневниот живот, сметаме дека се за наше добро и ќе нè одведат на вистинскиот пат во животот. Можеби ова е точна констатација, но реалноста е дека за многу вистини не сме ни свесни и тотално одбиваме да ги прифатиме.

Ќе се промениш во оној момент, кога ќе ти досади од твоите сопствени сра*а.
За таа цел, се создадени илустрациите со „Компирот на вистината“ којшто прави сè што е во негова моќ, да ги доближи овие сурово искрени вистини до секој од нас. Можеби дел од овие вистини биле цитирани и од други личности, но не и од најпаметниот компир во светот.

Негативното мислење секогаш удира посилно отколку позитивното мислење.
Во продолжение, погледнете ги дел од мудростите на Компирот на вистината, којшто повремено можеме да го видиме во друштво на неговите две пријателчиња, Гаџар Кан (морковот) и Хорхе (патлиџанот).
Следете го „Компирот на вистината“ на Инстаграм, каде што тој редовно ги споделува со светот своите мудри вистини.

Ако некого познаваш долго време, тоа не значи дека ти е пријател.

Секогаш ќе постојат луѓе што се поубави и погрди од тебе.

Светот се грижи само за она што може да го добие од тебе.

Неуспехот не е секогаш пат кон успехот.

Изгледот прави разлика.

Во суштина, никогаш никого не го познаваш во целост.

Најбрзиот начин да добиеш одговор не е преку поставување прашање, туку преку давање погрешна изјава.

Твоето „идно јас“ во моментов размислува за сегашниов момент, во облик на спомен.
Продолжува на следната страница…