14 скулптури кои ги прекршуваат законите на физиката

14 скулптури кои ги прекршуваат законите на физиката

Погледнете некои од скулптурите за кои не важат физичките закони. Нивните креатори ги „уништиле“ сите традиционални правила кои важат во класичната уметност. Уживајте!

1. „Земјата на чудата“, Канада

(1)14-skulpturi-koi-gi-prekrshuvaat-zakonite-na-fizikata-kafepauza.mk

Најинтересното нешто кај оваа скулптура е погледот однатре. Однадвор таа е само рамка од жица во форма на глава висока 12 метри, а однатре е цел свет, измислен од шпанскиот скулптор Хауме Пленса.

2. „Карма“, САД

(2)14-skulpturi-koi-gi-prekrshuvaat-zakonite-na-fizikata-kafepauza.mk

Креацијата на корејскиот скулптор Ду Хо Су ги пречекува посетителите на уметничката галерија Алберт-Нокс во Њујорк. Скулптурата е висока само 7 метри, но изгледа како да е без крај.

3. „Тајната вечера“, САД

(3)14-skulpturi-koi-gi-prekrshuvaat-zakonite-na-fizikata-kafepauza.mk

Скулптурата на Алберт Сукалски е направена според фреската на Леонардо да Винчи. Наспроти нејзината позадина, фигурите изгледаат особено мистериозни навечер, кога се осветлени од внатре.

4. „Дијаманти“, Австрија

(4)14-skulpturi-koi-gi-prekrshuvaat-zakonite-na-fizikata-kafepauza.mk

Оваа слика не е свртена. Нил Досон од Нов Зеланд создава скулптури кои ве тераат да се запрашате како левитираат. Ефектот е постигнат со речиси невидливи жици.

5. „Балансирачка скулптура“, Дубаи

(5)14-skulpturi-koi-gi-prekrshuvaat-zakonite-na-fizikata-kafepauza.mk

Ова бронзено чудо ги крши сите закони на физиката. Како скулптурите на полскиот уметник Џерзи Кеџиора им се спротиставуваат на сите временски услови претставува огромна мистерија.

6. „Споменик за виолинистот“, Холандија

(6)14-skulpturi-koi-gi-prekrshuvaat-zakonite-na-fizikata-kafepauza.mk

Во Амстердам, каде што се наоѓа музичкиот театар, мермерниот под бил искршен за да се стави скулптура од виолинист. Авторот на ова дело е мистерија.

7. „Порше на фестивалот на брзина“, Велика Британија

(7)14-skulpturi-koi-gi-prekrshuvaat-zakonite-na-fizikata-kafepauza.mk

Гери Џуда создава неверојатни скулптури од автомобили кои изгледаат како да возат кон небото.

8. „Спуштање и кревање“, Австралија

(8)14-skulpturi-koi-gi-prekrshuvaat-zakonite-na-fizikata-kafepauza.mk

Скалите до небото од Дејвид Мекракен кои се поставени во Сиднеј, си имаат своја тајна. Секоја наредна скала е помала од претходната па кога ги гледате изгледаат како да се бескрајни.

9. „Неизбежноста на времето“

(9)14-skulpturi-koi-gi-prekrshuvaat-zakonite-na-fizikata-kafepauza.mk

Грчкиот артист и скулптор Адам Мартинакис создава дигитални скулптури. Можете да ги видите само на Интернет или во печатени верзии. За ова постои модерната уметност: Да откриете нови начини на изразување.

10. „Карактеристики на гравитација за слон“, Франција

(10)14-skulpturi-koi-gi-prekrshuvaat-zakonite-na-fizikata-kafepauza.mk

Скулптурата на Даниел Фирман е посветена на теоријата на авторот дека слон може да држи рамнотежа на својата сурла на височина од 18.000 километри.

11. „Тркачот“, Грција

(11)14-skulpturi-koi-gi-prekrshuvaat-zakonite-na-fizikata-kafepauza.mk

Оваа скулптура можете да ја видите во Атина. Од која било перспектива да гледате, добивате илузија на движење. Огромната фигура е создадена од голем број парчиња темно зелено стакло и е дело на скулпторот Костас Варотсос.

12. Подводни скулптури, Мексико

(12)14-skulpturi-koi-gi-prekrshuvaat-zakonite-na-fizikata-kafepauza.mk

Цели подводни паркови во различни делови од светот се дело на скулпторот Џејсон Тејлор.

13. „Инволуција“

(13)14-skulpturi-koi-gi-prekrshuvaat-zakonite-na-fizikata-kafepauza.mk

Друг претставник на дигиталната уметност е Чед Најт. Тој ги поставува своите виртуелни скулптури на позадина која е близу до реалноста. Тоа го прави толку умешно што сликите изгледаат како да оживуваат.

14. „Али и Нино“, Грузија

(14)14-skulpturi-koi-gi-prekrshuvaat-zakonite-na-fizikata-kafepauza.mk

Креацијата на оваа динамична скулптура е инспирирана од љубовна приказна. Фигурите се во вечно движење: Прво еден кон друг, па стануваат едно и на крај се разделуваат по неизбежното раскинување.

Погледнете ги и овие прекрасни скулптури направени од книги.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар