12 креативни начини да уредите мал стан
Големината на вашиот дом не е важна, туку топлината која владее во него. Ова се 12 креативни начини да уредите мал простор, да го направите функционален и визуелно поголем.
1. Одберете долги завеси
Поставете ги завесите високо до таванот така што вашите прозорци ќе бидат визуелно поголеми, а воедно и целата просторија.
2. Офарбајте го мебелот
Доста креативно решение за да внесете разиграност во вашето место на живеење. Доколку ги обоите ѕидовите во различни бои просторот може да делува позатворен, затоа, ако сакате да внесете боја во вашиот дом, подобро решение е да го исфарбате мебелот во светли и привлечни бои.
3. Двојна функција
Секаде каде што имате прилика направете ги нештата што пофункционални. На пример, покрај ѕидот во дневната соба поставете долга маса со повеќе фиоки која може да ви служи како работно биро, а кога ќе се расчистат материјалите воедно да ви служи и како бар или маса со закуски доколку приредувате забава.
4. Сокријте
Живеењето во стан често подразбира справување со работи кои не можете да ги промените. Непотребните работи како кабли, прекинувачи и слично, можете да ги „маскирате“ на пример со ѕидни слики.
5. Плус просторија
Да претпоставиме дека живеете сами, со партнер или со цимер/ка. Трпезариска просторија не ви е потребна па најдобро би било просторот да го преуредите и да го искористите порационално.
6. Искористете ги ѕидовите
Најпаметен начин за заштеда на простор е поставување полици на ѕидовите. Практични се, убаво изгледаат и заштедуваат многу простор.
7. Дополнителен простор
Секогаш е добра опција да додадете полици во кујната за да добиете дополнителен простор за чување храна.
8. Ќилими
Доколку сте под кирија или немате средства за поскапи зафати, може да се соочите со под кој не одговара на стилот во вашиот стан. Најдобро решение е да вложите во ќилими кои ќе го покријат она што вас не ви е по мерак.
9. Висок мебел
Со одбирањето на повисок мебел визуелно ја зголемувате просторијата. Колку полиците на вашата комода се поблиску до таванот, толку вашата дневна соба ќе изгледа поголема.
10. Огледала
Закачете огледала во станот за да креирате илузија на поголем простор. Одберете огледала со рамки кои ќе го нагласат декорот. Секако, без претерување.
11. Искористете стари парчиња мебел
Доколку имате плакар кој никако не се вклопува во вашето уредување, извадете ги вратничките и префарбајте го. Најголемиот простор во средина искористете го за закачување палта, најдолу за чување на обувки, а доколку ви треба плус простор, може да најдете доста евтини големи кутии за чување на корисни работи кои ќе ги поставите на другите полици. Ете толку лесно од стариот плакар ќе си наравите совршено парче мебел за во ходник или за во претсобје.
12. Отстранете ги вратите од плакарите
Вратите од плакарите заменете ги со интересни завеси со цел да заштедите простор и да добиете поголема пристапност.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.